Спасовски за амбициите за претседател: Сега не е моментот, но кога ќе дојде време ќе размислам

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното гостување на 1ТВ запрашан за тоа дали има амбиции да се кандидира за претседател на државата рече дека сега не е момент за размислување во таа насока, но кога ќе дојде време ќе размисли.

-Во овој период со љубов ја работам мојата работа. Сега не е момент за да размислувам во тој правец. Но, можеби кога ќе дојде време, ќе размислувам за тоа, рече Спасовски.

Тој зборуваше и за бегството на експремиерот Никола Груевски и рече дека тоа не е вина на МВР, туку се работи за пропусти во системот и тоа отвора дополнителни прашања.

Поврзани новости