Спасовски: Нема веќе „Ало судија“, прв приоритет е прочистување на судството од остатоци на груевизмот

by Frosina Fakova

Ги поставивме основите за правна држава и сега е на ред правосудството да се прочисти од корумпирани судии и обвинители. Покажавме дека нема, како до пред три години, нарачани пресуди, тефтерчиња, нема „Ало судија“, изјави носителот на листата на пратеници од колацијата „Можеме“ во Изброната единица 2, Оливер Спасовски.

-Ние, во изминатите три години работевме на свеста и на одговорноста на извршната власт – никој да не помисли да се меша во работата на правосудната власт, како што тоа се случуваше во мрачните времиња на режимот. Го донесовме Законот за јавно обвинителство што гарантира дека сите предмети со висока корупција, мора да имаат судска разрешница. Во нашата Програма се обврзуваме на ред, дисциплина и правда. Прв приоритет во овој дел е прочистување на правосудството, во кое што се наоѓаат остатоци од груевизмот. Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото, во кое што законот е еднаков за сите. Купување правда, монтирани случаи, жртви на режим – тоа е минато! Секој кој ќе се дрзне да се вмеша во такво нешто, па дури и да се тоа обвинители и судии, ќе мора најде под лупата на правдата, рече Спасовски.

Поврзани новости