Советот за безбедност заседава попладне, Пендаровски ќе се обрати пред јавноста

by Фокус

Советот за безбедност денеска напладне ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Покрај постојаните членови на Советот, на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, најавено е дека претседателот Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.

Премиерот Оливер Спасовски во четвртокот изјави дека се прават проценки дали ќе биде побарана нова вонредна состојба, но нагласува дека по нејзиното завршување, според Уставот и законите, треба да продолжат изборните дејства.

Во текот на вчерашниот ден, високите функционери на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ-Мила Царовска и Александар Николоски, истакнаа дека e потребно продолжување на вонредната состојба.

Инаку, денеска е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи Пендаровски на 15 мај.

Поврзани новости