Реџепи се огласи по разрешувањето: Се повлекувам од ИВЗ, конечен судија ќе ми биде Алах!

by Фокус

Откако беше разрешен од позицијата поглавар на Исламската верска заедница од страна на Ријасетот, Сулејман Реџепи известува дека всушност поднесува оставка.

„Последниве денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања којашто јас ја сметам за нецивилизирана, а којашто се однесуваше на мојата личност при што се нанесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во Република Северна Македонија. Како верски водач и човек длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања но во ниту еден момент не го оспорив правото на било кој да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека Единствениот и Конечен Судија за делата за секој човек е и ќе биде секогаш единствено семоќниот Алах”, наведува Реџепи во соопштенето објавено од фејсбук страната на ИВЗ.

Како што наведува Реџепи, тој признава дека можеби направил грешки, но, нагласува тој, цел живот го посветил на ИВЗ и смета дека успеал да го унапреди исламскиот верски живот.

 

Поврзани новости