ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: И понатаму нестабилно со повремени локални врнежи

by Фокус

Денес во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови пак ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, истиот особено на запад повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, додека попладне ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дож и услови за ретки грмежи. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 20 степени.

Потоа и во следните неколку денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка на град. Температурите на воздухот и понатаму ќе бидат под просекот, истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости