Софија разочарана од изјавата на словачкиот претседател Пелегрини во Скопје

by vlatko 18:43
18:43

Официјална Софија ја оцени за разочарувачка изјавата што претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, ја даде за време на посетата на Скопје, со која остро ја критикуваше Европската Унија велејќи дека си игра со напорите на Македонија во поглед на евроинтеграциите. Во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Бугарија се наведува дека словачкиот амбасадор во Софија, Васил Гривна, вчера бил повикан на разговор поради, како што се посочува, изјавата на Пелегрини и неприфатливите оцени дадени во врска со евроинтеграциите на земјава.

„Генералниот директор за европски прашања Јордан Прванов ја изрази длабоката збунетост на бугарската страна во врска со ставовите изнесени од претседателот Пелегрини, кои во практика ја оспоруваат валидноста на европскиот консензус од јули 2022 година, усвоен од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Словачка. Длабоко сме разочарани што токму земја партнер си дозволува да ја промовира контрапродуктивната реторика на Владата на Република Северна Македонија, која постојано бара некого да го обвини за недостигот на напредок во нејзиниот процес на европска интеграција. Таквиот став не е во интерес ниту на стратегиската визија на Европската Унија за регионот ниту на граѓаните на оваа земја кандидат“, стои во соопштението на бугарското МНР.

Инаку, Пелегрини пред два дена беше во посета на Скопје, од каде што упати остри критики до ЕУ дека си игра со довербата на земјава.

Слични вести