1
Силно невреме со дождови и ветрови што достигнуваат брзина од 100 километри на час предизвика поплави, свлечишта и големи проблеми во сообраќајот во Словенија и во Италија.
Бурата „Чарлс“ веќе трет ден ја погодува Италија, каде што пожарникарите интервенирале повеќе од 340 пати поради поплавени патишта, паднати дрвја и заглавени граѓани, објави италијанскиот „Ил Фато Котидијано“.
Најтешка е состојбата во Тоскана, каде што 124 лица останале отсечени во провинциите Арецо, Лука и Маса-Карара. Околу 100 жители во централна и северна Италија биле превентивно или итно евакуирани.
Во Тоскана пожарникарите имале повеќе од 190 интервенции, додека во Лигурија биле регистрирани над 80.