Поранешниот американски претседател, Џо Бајден, во своите нови мемоари тврди дека повеќепати барал од израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, да го намали бројот на цивилни жртви во Газа, но дека Нетанјаху ги игнорирал неговите барања.
Бајден наведува дека израелскиот премиер му ветувал дека ќе преземе дополнителни мерки, по што следувале нови напади во кои загинувале цивили.
„Од почетокот на конфликтот го повикував Израел да преземе мерки на претпазливост за да се намали страдањето на цивилите. Оваа загриженост приватно ја изразував во бројни разговори со Биби, кој признаваше колку зголемениот број жртви му штети на угледот на Израел и на американската поддршка за војната.
Ќе ветеше дека ќе направи повеќе, а потоа ќе следуваше нова агресивна акција во која ќе загинеа уште цивили. Кога ќе ги повикавме на одговорност поради тоа, Израелците секогаш имаа некакво објаснување или оправдување, но резултатот беше ист“, напишал Бајден.
Тој особено го критикувал Нетанјаху поради неисполнувањето на ветувањата, велејќи: „Биби немаше никаков проблем да дава ветувања што немаше моќ, или намера, да ги исполни.