Македонија конечно постигна гол, но поразена се враќа од Шкотска

by vlatko 23:34
23:34

Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби и препоследниот натпревар од најновото издание на Лигата на нации.

Но, за разлика од претходните натпревари, избраниците на Гоце Седлоски одиграа за нијанса похрабро.

Сепак, дуелот во Глазгов заврши со минимален триумф на Шкотска од 2:1.

Домаќинот дојде до посакуваните три бода со двата погодока на фудбалерот на Астон Вила, Мекгини, а почесниот погодок за „црвено-жолтите“ беше дело на Растодер.

Македонија и после пет одиграни натпревари нема освоено ниту еден бод, но по 844 минути е ставен крај на серијата без постигнат погодок.

Слични вести