Собрание до крајот на декември, нова влада во февруари

by fokus

Политичките партии кои освоија мандати за влез во Собранието, според крајните рокови предвидени со Уставот на државата, најдоцна до 31 декември треба да го конструираат новиот парламентарен состав. Новата влада пак, треба да е формирана најдоцна до средината на февруари следната година.

На кратко, ова е календарот на обврски за следниот период:

31 декември – избраните пратеници се состануваат на конститутивна седница, која во случајов треба да ја свика претседателот на претходниот собраниски состав, Трајко Вељаноски (Конститутиваната седница може да биде и на 1 јануари 2017 година, a седницата, според деловникот на Собранието, ја свикува најстариот по години избран пратеник);

9-10 јануари – претседателот Ѓорге Иванов му го дава мандатот за формирање нова влада на кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство;

29-30 јануари – Мандатарот го предлага составот на владата и поднесува програма;

14 февруари – се одржува седница за избор на владата (односно 15 дена по приемот на предлогот за состав на владата и програмата, според деловникот на Собранието);

16 февруари – Пратениците гласаат за избор на новата влада. Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници.

Поврзани новости