Грчки државјанин починал во казино во Битола

by fokus

Грчки државјанин, на возраст од 62 години, вчера починал во казино во хотел во Битола. Во СВР Битола било пријавено дека во Итнат медицинска помош е донесен Н.К. без знаци на живот.

Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција.

Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола, информира МВР.

Поврзани новости