ДИК: До 11 часот излезноста е над 12%, гласале 229.473 граѓани

by fokus

Според последните податоци од Државната изборна комисија, излезноста до 11 часот е 12,78%, од обработени над 97% од гласачките места.

Според податоците објавени на веб сајтот на ДИК, гласале 229.473 граѓани.

Во земјава денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317, кои можат да изберат меѓу седум кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

Поврзани новости