Битолчани во тегли делеа чист воздух на Широк Сокак

by fokus

Битолчани со нова пародична акција алармираа за енормното загадување на воздухот. Неколкумина активисти денеска по Широк Сокак делеа тегли и кеси полни со „Свеж воздух од Пелистер”.

Ова следува откако во Битола загаденоста на воздухот секојдневно ја преминува дозволената граница. Вчера во градот беа измерени дупло повеќе канцерогени честички ПМ10 од дозволената концентрација. Мерната станица Битола 1 измери присуство на 107 микрограми ситна прашина, а Битола 2 измери 118 микрограми. Дозволената дневна доза е до 50 микрограми суспендирани честички.

Фото: САКАМДАКАЖАМ.МК

Поврзани новости