СДСМ поднесе осум приговори до ДИК

by fokus

Социјалдемократскиот Сојуз поднесе осум приговори до Државната изборна комисија за текот на гласањето и за начинот на сумирање на резултатите од изборите. Претходно денеска, Зоран Заев рече дека доколку овие приговори бидат прифатени од ДИК можно е да има промена во прераспределбата на мандати.

Досега до ДИК се поднесени 16 приговори. И партијата БЕСА поднесе приговори до ДИК за изборната едница два, каде сметаат дека доколку приговорите бидат прифатени, тие ќе добијат уште еден пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби еден мандат.

Поврзани новости