Со нож е нападнат 21-годишник во скопски Бутел

by Fokus

На 13.04.2023 околу 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел, поради претходни недоразбирања и расправии, В.Р. (21) од Скопје бил физички нападнат од О.Х. и Љ.Ј., при што О.Х. му нанел повреди со нож.

На В.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости