Со мопед удрил жена во Тетово, со тешки повреди завршила во болница

by Fokus

МВР информира дека вчера околу 15.50 часот на улица „29-ти Ноември“ во Тетово, мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(23) од Тетово, удрил во Џ.Ј.(47) од с. Пршовце, Тетовско.

По несреќата Џ.Ј. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости