Со Голф удрил во дрвен столб за струја и ограда од куќа

by Фокус

Синоќа во 01,55 часот во Куманово, на локалниот пат за с.Проевце, се случила сообраќајна незгода во која М.С. од Куманово, управувајќи патничко моторно возило Голф, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрвен столб за пренос на електрична енергија и во оградата од куќа, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.М. (1995) од с. Биљановце-Куманово, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

Поврзани новости