Покосил тројца пешаци со Пунто, па удрил во потпорен ѕид

by Фокус

Триесет и три годишниот Т.Т од Велес рано наутро изгубил контрола врз неговото Фиат Пунто на улица Алексо Демниевски, каде удрил во тројца пешаци кои во тој момент ја преминувале улицата, а потоа удрил и во потпорен ѕид од камења.

Како што соопшти полицијата, на пешаците им се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓаат во животна опасност.

Увид е извршен и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости