Силк Роуд Банка отвори шалтер и банкомат во Трубарево

by Фокус

Силк Роуд Банка АД Скопје ја прошири својата мрежа со отворање на нов шалтер во селото Трубарево кој денеска и официјално започна со работа.

Шалтерот на банката е лоциран на улица Јурија бр.1, во склоп на бензинската станица на Лукоил и станицата за технички преглед ЕПС Контролцентар.

Работното време на шалтерот е од понеделник до петок – 08:30 до 16:30 часот.

Покрај започнувањето со работа на шалтерот на истата локација достапен е и банкомат (24/7).

Од банката соопштија дека со отворањето на новиот шалтер ги доближуваат своите услуги и производи до граѓаните и компаниите кои имаат свое живеалиште или гравитираат во овој дел на околината на градот Скопје.

Поврзани новости