Шојгу: Бунтот на „Вагнер“ немаше влијание на војната, украинската војска не ги постигна целите на контраофанзивата

by Fokus

Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, рече дека бунтот на „Вагнер“, кој минатиот месец го организираше нивниот лидер Евгениј Пригожин, на никаков начин не влијаеше на војната што Русија ја води во Украина.

Во својот прв коментар за бунтот на Пригожин на 24 јуни, Шојгу го нарече „операција спроведена со цел да се дестабилизира земјата“.

– Овие планови пропаднаа пред се затоа што припадниците на вооружените сили покажаа лојалност кон својата заклетва и воената должност – рече Шојгу, пренесе Ал Џезира.

Спутник пренесува дека Шојгу оценил дека украинската армија не ги постигнала целите на контраофанзивата во ниту еден од правците.

– Генерално, непријателот не ги постигна целите во ниту една насока. Ова сведочи за вештините на нашите борци и очигледно преголемите очекувања од пофалното западно оружје – изјави Шојгу на конференцијата со раководството на вооружените сили на Русија, пренесува Спутник.

Тој оцени дека „на инсистирање на Западот, режимот во Киев бара од командата на украинската армија да напредува, и покрај значителните загуби“.

Шојгу додаде дека Киев „се обидува да ја компензира својата неможност да постигне успех на копно на сметка на терористичкото гранатирање на цивилни објекти, сакајќи да постигне пропаганден ефект“.

Тој рече дека „руската армија продолжува да нанесува ефективен оган пораз на непријателот, што значително го намалува офанзивниот потенцијал на вооружените сили на Украина“.

– Во јуни руските системи за противвоздушна одбрана соборија 158 ракети од повеќецевниот ракетен систем „Химарс“, 25 ракети „Сторм сенка“ и 386 украински беспилотни летала – изјави рускиот министер за одбрана.

Шојгу рече и дека руската армија уништила 16 тенкови „Леопард“, што практично изнесува 100 отсто од оклопните борбени возила од тој тип што Португалија и Полска ги испратија до вооружените сили на Украина.

Ројтерс претходно го објави првото јавно обраќање на Шојгу по востанието на руските платеници од „Вагнер“ кои бараа негова смена.

Сергеј Марков, поранешен советник на рускиот претседател Владимир Путин, кој сè уште е близок до Кремљ, рече дека видеото на руското Министерство за одбрана на кое се гледа Шојгу е „сигнал до сите дека тој се уште е во кабинетот и дека најверојатно ќе остане министерот за одбрана засега.“ „.

– Путин нема да направи ништо под притисок на бунтовниците – рече Марков, мислејќи на шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, кој замина во егзил во Белорусија по завршувањето на бунтот со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Поврзани новости