Папата го осуди палењето на Куранот

by Fokus

Папата Франциск е налутен и згрозен од палењето на светата книга Куран и рече дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор.

„Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад“.

„Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено“, вели папата во интервјуто .

Маж минатата недела искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО.

Иако шведската полиција одби неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, судовите ги укинаа ваквите одлуки, наведувајќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот.

Поврзани новости