Почина внукот на Роберт де Ниро

by Fokus

Леонардо де Ниро Родригез, внук на популарниот холивудски актер Роберт де Ниро, починал на 19-годишна возраст. Веста на социјалните мрежи ја објави мајката на Леонардо, Дрена (51), која е најстара ќерка на актерот.

Со потресна порака таа се прости од синот на Инстаграм, откривајќи дека жали што нејзината љубов не го спасила.

-Беше длабоко сакан и ценет, и посакувам таа љубов да можеше да те спаси – објави Дрена.

Причината за смртта на младото момче не е објавена.

Инаку, Роберт де Ниро неодамна на 79-годишна возраст го доби своето седмо дете. Дрена ја доби со поранешната сопруга Дијана Абот во 1971 година, а со неа имаат и син. Има близнаци со поранешната девојка Туки Смит, како и син и ќерка со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.

Седмото дете се шпекулира дека го добил со партнерката Тифани Чен.

Вики Клинчарова

Поврзани новости