Загина шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин

by fokus

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во Русија, а во авионот загинаа уште девет лица, јавува Би-би-си.

Во авионот „Ембраер“, кој се движел од Москва кон Санкт Петербург, имало седум патници и тројца членови на екипажот, јави ТАСС.

Се наведува дека авионот се урнал во областа Твер, северно од Москва.

Пригожин, за кој се верува дека бил на летот, го сподели своето прво видео обраќање по прекинатиот јунски бунт пред само два дена.

Поврзани новости