Семејна фирма на Бочварски добила тендер од општина Штип еден ден откако стана министер, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Семејната фирма на актуелниот министер и поранешен градоначалник на Штип, Благој Бочварски, добила тенедер во износ од еден милион денари од општината Штип, еден ден откако Бочварски стана министер, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Семејната фирма „Де Лукс ДОО“ која е во сопствеништво и управувана од чичкото и таткото на Благој Бочварски, Владимир и Венцислав Бочварски, добила тендер во износ од над еден милион денари од општината, кај што истиот тој Бочварски бил градоначалник, поточно 1,139.000 денари тендер од општината. Да биде уште посомнително тендерот фирмата го добива еден ден откако Бочварски станува министер, односно на 1-ви септември. Дали тоа значи дека семејната фирма на Бочварски учествувала на целата постапка додека траел тендерот дури тој бил градоначалник, а се чекало само тој да биде избран за министер за да се официјализира како добитник на тендерот неговата семејна фирма? Нема ли друга фирма во Штип или во Република Македонија која можела да го добие овој тендер, па морало баш семејната фирма на Бочварски да добие милионски тендер во општина Штип?, прашува Арсовски.

Поврзани новости