Села: Ќе го блокираме секој закон додека не се деблокира законот за државјанство

by Фокус

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, порача дека ќе го блокираат секој закон што ќе дојде во Собранието, се додека, како што истакнува, нивниот предлог за законот за државјанство е блокиран.

-Бевме јасни во изјавата што ја дадовме во врска со ова прашање и не само што сега имав претходно изјава во врска со овој преседан создаден за блокирање на парламентот преку амандмани. Реков дека тоа нема да биде добар начин затоа што создава анархија што не е за доброто на граѓаните. Во ситуацијата во која се наоѓаме, ја презедовме оваа иницијатива затоа што оценивме дека не може да се запре ваква акција, да се блокира секој закон, секој предлог што ќе дојде во парламентот и немавме друг начин да одговориме освен со истиот. Така ќе биде. Рековме дека ќе го држиме блокиран секој закон, се додека нашиот предлог закон што се однесува на државјанството е блокиран –  изјави Села на Алсат М.

Инаку, албанската опозиција досега поднесе 3.000 амандмани за различни закони.

Поврзани новости