ЕУ: Ја поддржуваме Северна Македонија од почетокот на пандемијата

by Фокус

Европската Унија обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата, но во врска со Фондот за солидарност не ги исполни поставените критериуми, велат од Делегацијата на ЕУ во земјава за МИА, откако не се најдовме меѓу земјите што ќе добијат средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.

„ЕУ обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Конкретно, обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за микрофинансиска помош“, велат од Длегацијата, потсетувајќи дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров објасни дека за да добиеме помош како држава од ЕУ фондот за солидарност минималната вкупна сума на трошоците поврзани со здравствените аспекти на пандемијата требало да надмине 31 милиони евра за првите четири месеци на кризата.

„Нашите институции, сите заедно, пријавиле дека вкупно потрошиле под 8 милиони евра, со што не сме го исполниле условот за помош преку овој механизам. Рокот за аплицирање бил на 24 јуни минатата година“, напиша Димитров на фејсбук.

Поврзани новости