Седумгодишник уби 5-годишно дете, семејството е во шок

by Fokus

Седумгодишно дете уби 5-годишник во дом во источен Кентаки, а прелиминарната истрага утврди дека пукањето во понеделникот вечерта во домот на Меки било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција на Кентаки.

Преземени се мерки за спасување, но на местото на настанот од страна на судскиот вештак од округот Џексон констатирана е смрт на детето.

Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат имињата на инволвираните во инцидентот, пренесува Асошиејтед прес.

Досега оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден. Кентаки нема никакви закони кои наметнуваат казни за оние кои не успеваат да обезбедат или оставаат огнено оружје без надзор.

Меѓутоа, таа сојузна држава забранува секој „намерно, свесно или непромислено“ да дава пиштол на малолетно лице, освен ако малолетникот е законски овластен да поседува пиштол.

Поврзани новости