Давидовиќ: Нема да има одговор од надлежните во врска со одлуката на САД за Мерко

by Fokus

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во емисијата 24 Отворено рече дека е поразувачки и не е изненадување одлуката на САД да го стави Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга на црната листа.

„Нема одговор од институциите и ќе нема, зошто во ниту една ситуација кога САД кажаа дека некој е ставен на црната листа заради корупција правна разрешница немаше, ниту истрага и преземени дејствија. Трагично е што во сите такви ситуации отсуствува реакција на органите кои се должни тоа да ги истражат. Во неколку случаи имаме очигледен политички предмет и Обвинителството се прави блесаво и реагира само на допрен глас“ – рече Давидиовиќ.

Поранешната судијка на Врховниот суд, Вера Коцо рече дека во нашата држава се случуваат често работи кои влијаат на она што значи интегритет на една заедница.

„Случајот со Мерко кој беше критикуван за дивите градби и други работи, а тоа како да не допре до неговата свест и секако дека ќе биде ставен на црната листа. Настаните си се одвиваат идентично. Она што се случува ретко кој го оправдува. Пострашно е она што се случува во судството и Судскиот совет, со двете разрешувања за два месеци. Холандскиот амбасадор даде оценка за Судскиот совет дека е нелегитимен“ – рече Коцо.

Адвокатот Александар Гоџо, пак, рече дека одлуката на САД кога става некој на црна листа, тоа е по некој правен стандард.

„Сакам да ги видам причините поради кој е ставен на црната листа. Стандардот е правен за да влезете на таа листа е правен и влегува под јурисдикција на таа држава. Ако тоа сака нашето општество да го искористи, нека ги искористи нашите стандарди за постапување, допрен глас, основано сомнение. Оставката е работа на политиката“ – рече Гоџо на ТВ24.

Поврзани новости