Се зголемува бројот на учениците кои се закануваат: 16-годишник од Скопје упатил закани по живот кон професори

by Fokus

Полицијата привела 16-годишник кој на социјалните мрежи им се заканувал по живот на професорите, информираа од министерството за внатрешни работи.

„Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“, велат од МВР.

Поврзани новости