Сопругата на ракометарот Кобиљски: Колку е голема болката за нашите деца, толку сме среќни за тие што се спасиле

by Fokus

Во средата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се случи неверојатен масакр и огромна трагедија. 13-годишен ученик влезе вооружен во училиштето и почна да пука. Полицијата потврди дека загинаа осум деца и еден чувар, а напаѓачот брзо беше уапсен.

Меѓу жртвите е и Е.К, ќерката на познатиот српски одбојкар и тренер Драган Кобиљски, поранешен играч на Партизан и тренер на Црвена Звезда. Тој итно пристигна од Романија во тешките моменти, а три дена по трагедијата се огласи и неговата сопруга Нина на Фејсбук.

„Ви благодарам многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како треперлива светлина во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар Драган. Се молиме за нашите повредени пријатели и учител. Колку што сме без зборови со болката на нашите напатени деца, многу сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за да ја преживееме некако оваа болка“, објави Нина Кобиљски.

Поврзани новости