Се стравува дека над 30 мигранти загинале кај Канарските острови

by Fokus

Повеќе од 30 мигранти можеби се удавиле откако нивниот чамец потонал во Атлантскиот Океан кај Канарските острови, соопштија две добротворни организации.

Walking Borders и Alarm Phone соопштија дека бродот превезувал околу 60 луѓе, објави Би-Би-Си.

Шпанските власти соопштија дека спасувачките екипи пронашле тела на малолетно лице и маж и спасиле уште 24 лица – но не знаеле колку луѓе имало во чамецот.

Инцидентот става нов увид на одговорот на Европа на миграцијата, откако брод потона крај Грција минатата недела.

Хелена Малено Гарзон, од Walking Borders, рече дека 39 лица се удавиле, меѓу кои четири жени и едно бебе, додека Alarm Phone соопшти дека 35 лица се водат како исчезнати. Двете организации ги следат чамците со мигранти и добиваат повици од луѓе на бродот или нивни роднини.

Бродот потона на околу 160 километри југоисточно од Гран Канарија вчера.

„Мачење е да имаш 60 луѓе, меѓу кои шест жени и едно бебе, кои чекаат спас повеќе од 12 часа во слаб чамец на надувување што може да потоне“, рече Гарзон.

Бродот на шпанската служба за спасување, Гвардамар Калиопе, бил оддалечен само околу еден час од чамесот во вторникот вечерта, објави Ројтерс, цитирајќи ја шпанската државна новинска агенција ЕФЕ.

Бродот не му помогна на чамецот, бидејќи операцијата ја презедоа мароканските власти, кои испратија патролен брод кој пристигна во средата наутро, 10 часа откако беше забележан од шпански спасувачки авион, пренесува Ројтерс.

Ангел Виктор Торес, лидер на регионот на Канарските Острови, го опиша инцидентот како „трагедија“ и ја повика Европската унија да воспостави миграциска политика која „нуди координирани и поддржувачки одговори“ за прашањето на миграцијата.

Во близина на западниот брег на Африка, Канарските острови се дел од Шпанија, а многу мигранти патуваат од Африка до архипелагот со надеж дека ќе стигнат до континентална Европа.

Поврзани новости