Се обесил затвореник во затворот во Битола

by fokus

Утрово во 6 часот е пронајден обесен затвореник во Затворот во Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Педесет и четири годишниот И.Д. бил пронајден обесен од страна на вработен во затворот, а откако дошла Брзата помош, лекарот констатирал смрт.

Телото на починатиот е дадено на обдукција од страна на Јавен обвинител. Увидот е во тек.

Поврзани новости