Се намалува бројот на заразени со коронавирус во светот

by Fokus

Според официјалните податоци на Светската здравствена организација, во периодот од 1 до 7 февруари, бројот на новозаболени лица се намалил за 17 отсто на глобално ниво, а вкупниот број на смртни случаи во тој период се намалил за 10 проценти.

Во извештајот на СЗО се наведува дека бројот на новозаболени лица во светот се намалува веќе четврта недела по ред, пренесува Ројтерс.

Од 1 до 7 февруари СЗО забележа 3.153.426 нови инфекции ширум светот, 17 проценти помалку од претходната недела и 88 369 смртни случаи, 10 проценти помалку отколку во претходните седум дена.

Во извештајот исто така се вели дека од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 105.429.382 случаи на ковида-19 и 2.302.614 смртни случаи меѓу заразените со коронавирус.

Најголем пад на бројот на нови инфекции е потврден во Африка (22 проценти), Европа (19 проценти) и Северна и Јужна Америка (17 проценти), а смртноста во овие региони е намалена за 30 проценти во Африка, 13 проценти во Европа и четири проценти во Северна и Латинска Америка, пренесува ТАСС.

Во периодот од 1 до 7 февруари, најголем број нови инфекции се потврдени во САД, околу 871 илјади, потоа Бразил со околу 328 илјади, Франција 136 илјади и Велика Британија со приближно 133 илјади.

Поврзани новости