ВМРО-ДПМНЕ: Нема одговорност од Заев за Рекет, ама има за локални функционери на СДСМ

by Fokus 08:51
08:51

Криминалот и корупцијата рушат рекорди во Македонија, Економист нѐ вбројува во земји со хибриден режим, Транспаренси интернешнл нѐ рангира на 111 место по корупција, а Љупчо Николовски, од Заев именуваниот вицепремиер за борба против корупцијата се фали дека побарал смена на член на УО на битолски студентски дом, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо суштинска борба против корупцијата, имаме замачкување на очи на народот. Ниту еден врвен функционер не е предмет на истрага, ниту еден од високите функционери на власта не се соочил со одговорност за стореното.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Македонија е на врвот на светските листи не само заради некој корумпиран локален функционер на СДСМ, туку милион пати повеќе заради Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Драги Рашковски и други од врвот на власта.

Нема одговорност за Зоран Заев, кој јавно беше посочен од страна на Бојан Јовановски, како лице кај кого завршиле парите од Рекет.

На слобода е и Ден Дончев кој сите го видовме како става туциња пари во ташна.

Од истрага се спаси и Драги Рашковски кој го слушнавме како договара аванта од 2,6 милиони евра за набавка на систем за летање.

Само со опомена помина и Курто Дудуш кој тепаше и малтретираше граѓанин во неговиот кабинет, без посериозна казна помина и Боро Малборо, кој шверцаше цигари, а по смената од градоначалник доби лиценца за садење на марихуана од Заев.

Нема казни, а нема ниту постапки за стотиците корумпирани функционери на СДСМ ширум државата. И затоа Македонија е хибриден режим и земја од која бегаат инвеститори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости