СДСМ: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се симбол за криминал, корупција и неспособност

by Fokus

Таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата се симбол за криминал, корупција и неспособност, реагираат од владејачката СДСМ.

– Доказ за тоа се истрагите и обвиненијата за автопатите Миладиновци – Штип, Демир Капија – Смоквица, како и за споменатиот автопат Кичево – Охрид, каде што огромните пропусти во проектирањето и изведбата нанесоа огромни штети врз угледот на Македонија и за чие што санирање дополнително ќе се потрошат над 100 милиони евра пари на граѓаните“, се вели во реакцијата од СДСМ.

Партијата најавува дека ќе се санираат сите штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено ќе има целосна ревизија на сите започнати проекти и за секоја докажана злоупотреба на пари на граѓаните ќе следува одговорност.

 

Поврзани новости