СДСМ: Парите од ИПА-фондовите ги загубивме поради лошите политики на власта

by fokus

 Социјалдемократскиот сојуз смета дека одлуката на Европската комисија за суспензија на 27,1 милион евра наменети за Македонија од ИПА фондовите, е резултат на погрешните политики на власта.

-Социјалдемократскиот сојуз со години наназад укажуваше на погрешните политики и на неискористувањето на претпристапните фондови кои ги дава Европска Унија. Преку тие претпристапни фондови, Македонија можеше да гради инфаструктура, меѓутоа поради погрешните политики, тие пари очигледно се повеќе ги губиме.“ – изјави Благој Бочварски, член на извршниот одбор на СДСМ.

Бочварски потенцира дека во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13% од планираните инвестиции во инфраструктурата,а како што вели, вложени се незначителни 27 милиони евра.

Поврзани новости