СДСМ: Каква брука и незнаење на очајното ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Владејачката СДСМ вечерва со контра-реакција на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за бегството и апсењето на еден од обвинетите за убиството кај Смилковско, Агим Исмаиловиќ.

-Таман помисливме дека ВМРО-ДПМНЕ го допрела дното и не може да падне пониско денеска нова брука, ново незнење од оваа очајна партија. Ниту некој му избегал на МВР ниту она што го наведува ВМРО-ДПМНЕ има врска со реалноста. Осамен во белиот дворец, губнитикот Мицкоски не може да ја види реалноста. МВР денеска експресно пронајде лице и го спроведе на издржување мерка притвор, откако претходно од надлежна институција добило известување дека го нема во судот. Тоа е демонстрација на ефикасноста на МВР на дело, велат од СДСМ.

Поврзани новости