СДСМ: Дали Силјановска се срами што е поддржана од политичка структура со крвави раце?

by fokus

Силјановска која ниту еднаш не го осуди насилството од 27 април, денеска е вознемирена од правдата, реагираат од СДСМ на изјавата на кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сијлановска Давкова.

-Наместо да се крие зад задоцнети евтини политички изјави Силјановска треба да одговори: Дали како професор по правни науки не смета дека на 27 април брутално беше нападната демократијата? Дали на 27 април во собранието имаше обиди за убиство? И дали се срами што е поддржана од политичка структура која има крвави раце? Лицемерно е Силјановска да зборува за селективна правда кога зад неа стои партијата која е симбол за селективност, партизација и притисоци врз судството и обвинителството. Очигледно е дека Силјановска исто како и Мицкоски го брани насилството и останува посветена на матрицата на Никола Груевски, матрица на насилство, криминал и конфликти, велат од СДСМ.

Поврзани новости