СДСМ: Безидејноста на ВМРО ги тера да организираат партиски протести

by Фокус

Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со организирање на партиски протести, велат од СДСМ, од каде посочуваат дека на наводниот протест на земјоделците наместо вистински земјоделци, присуствуваа истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вистински се грижи за земјоделците и го враќа достоинството на земјоделството. Доказ за успехот на аграрните реформи на СДСМ се официјалните информации. 195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари кои што директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци“, соопштија од владејачката партија.

Од таму додаваат дека владата досега исплатила 314 милиони евра за поддршка на земјоделците.

Поврзани новости