ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДСМ ќе бидат пратени на темната страна на политичката историја

by fokus 09:14
09:14

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев ја води Македонија кон целосен економски колапс. Сите економски параметри укажуваат дека економијата тоне и дека СДСМ и Заев ја носат државата во бездна, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Погубните политики и расипништвото на власта ги потврди и Светска Банка во чиј извештај „Дуинг бизнис“, Македонија за само една година има пад од седум места. Извештајот докажува дека владата на СДСМ создава негативна клима за водење на бизнис.

- Advertisements -

Светска Банка го потврди истото што пред неколку месеци го нотираа над 200 германски инвеститори во државава кои со нула ја оценија работата на владата во економијата. Тоа е така затоа што владата на Заев наместо да ги стимулира бизнисмените таа ги рекетира.

Впрочем во тоа се увери целата јавност која знае дека лично Заев е главата на октоподот кој преку Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец, стои зад најголемиот скандал во поновата историја, случајот „Рекет“.

Додека Заев го интересира колку ќе изрекетира од бизнисмените во државата и колку ќе ги прошири фамилијарните компании граѓаните гладуваат. Заради криминалот на Заев повеќе од 500.000 граѓани во Република Македонија се наоѓаат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат.

Граѓаните живеат во сиромаштија затоа што единствени проекти кои ги работи власта се како Заеви да ги зголемат бизнисите со марихуана и како функционерите до Заев ќе добијат некој нов тендер или грант, а се друго стагнира, не се работи на ниту еден развоен проект.

Капиталните инвестиции кои можат да донесат некаков развој, се стопирани и тапкаат во место. СДСМ бележи најниска реализација на капитални инвестиции која за 9 месеци годинава изнесува мизерни 32,2 проценти од тоа што самите го планирале дека ќе го сработат.

Вакви катастрофални резултати државата има во сите области. Здравството се распаѓа, земјоделието опустошено, а образованието е деградирано. Целата држава е уништена како резултат на криминалот, корупцијата и рекетот на Зоран Заев и СДСМ.

Ужасот и бедата кои ги донесоа СДСМ и Зоран Заев завршуваат на 12 април, на предвремените парламентарни избори кога овие криминалци ќе бидат пратени на темната страна на политичката историја и ќе започне обновата на Македонија, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости