САД ќе ја вратaт смртната казна во повеќе држави

by Fokus

Американското министерство за правда закажа егзекуција на пет затвореници откако американскиот државен правобранител Вилијам Бар најави дека ќе биде вратена мерката која речиси две децении е неупотребена како најстрога казна на владата.

-Конгресот експресно ја одобри смртната казна преку закон поддржан од претставници на народот во двата дома на Конгресот и претседателот го потпиша, рече Бар.

Во моментов, смртната казна во САД е одобрена од 29 сојузни држави, но во последните пет години само десетина ја спроведуваат, додека другите не егзекутирале никого повеќе од десет години.

Американската влада не ја употребила смртната казна од 2003 година. Во моментов, 62 лица се осудени на смрт во САД, што е двојно повисоко од 2003 година.

Еден од петмината затвореници е Даниел Луис Ли, бел расист, кој бил осуден во Арканзас поради убиство на тричлено семејство, вклучувајќи и осумгодишно девојче.

Меѓу нив е Лезмонд Мичел, осуден во Аризона за убиство на 63-годишна баба чија внука била принудена да седи покрај нејзиното мртво тело пред и таа да биде убиена.

Сите овие затвореници ги искористиле правните жалбени механизми, објави министерството, додавајќи дека егзекуциите ќе се изведат во затворот Тере хаут во Индијана.

Амнести интернешнал во април објави дека во 2018 година се регистрирани 690 егзекуции во 20 земји, што претставува намалување од 31 отсто од претходната година. Кина, Иран, Саудиска Арабија, Виетнам и Ирак имаат најголем број на смртни казни во тој редослед.

Поврзани новости