САД го суспендира стратешкиот дијалог со Косово

by vlatko 22:01
22:01

СAД го суспендираа на неодредено време планираниот стратешки дијалог поради загриженост во врска со дејствијата на Владата на Косово кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД продуктивно да работат на заедничките приоритети, соопшти Амбасадата на САД во Приштина.

-Нашиот однос со Косово се темели на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет. За жал, неодамнешните дејствија и изјави на привремениот премиер Курти претставуваат предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години. Стратешкиот дијалог имаше за цел зајакнување на економските и дипломатските врски во корист на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел што народот на Косово ја дава како приоритет, се вели во соопштението.

Стратешкиот дијалог е процес што американскиот Стејт департмент го спроведува со земјите од светот со цел подобрување на билатералните односи, а вклучува разговори на високо ниво на широк спектар теми како што се одбраната, безбедноста, животната средина, енергетиката и економската соработка.

Слични вести