Во текот на денешниот ден на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, од нив двa се активни, еден е под контрола, додека седум се целосно изгаснати.
Пожарите се различни по природа, од нискостеблеста шума и сува трева, до депонии со ѓубре и стрништа, а интервенирале и противпожарни служби и локални екипи на терен.
Двата активни пожари се наоѓаат во Општина Кочани, на Царев Врв, каде гори нискостеблеста шума и сува трева, како и на патниот правец Тетово-Попова Шапка, во близина на ресторан „Ули“, каде се пали сува трева.
Пожарот во Студеничани, на депонијата Дрисла, е ставен под контрола, но останува под надзор на противпожарните служби.
Седумте пожари кои се веќе изгаснати беа лоцирани на различни места низ земјата.