Руски агенти работеле против односите меѓу Софија и Скопје

by Фокус

Руски агенти во Бугарија работеле против добрите односи меѓу Бугарија и С Македонија, тврди бугарскиот премиер Кирил Петков.

-Во Бугарија е формирана прилично голема руска дијаспора на агенти, која во моментов ја гледаме како работи за различни интереси. Има руски агенти што работеле конкретно против разбирањето меѓу Бугарија и Република Северна Македонија – рече Петков.

Според него, интересот на Русија е насочен кон тоа да нема европска иднина за Западен Балкан.

-Најлошо е Западен Балкан повторно да е регион со висок ризик на нестабилност, и од политички и од секаков вид аспект – рече Петков.

Поврзани новости