159
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до 17 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска и во утре утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви.