Дали пописот ги оштети Турците, Бошњаците и Египќаните?

by Фокус

Освен дел од опозициските партии, и претставниците на помалите етнички заедници во земјава реагираа во однос на пописните резултати, обвинувајќи за нерегуларности.

Голем број на забелешки стигнаа од турската заедница. Од Национално координативно тело за пописот на Турскиот народ се на ставот дека пописот е направен со погрешна методологија и мал број попишувачи – Турци.

Резултатите од пописот се неприфатливи и за Бошњачкиот демократски сојуз, од каде тврдат дека граѓаните немале можност за увид во внесените податоци.

Исто така, според нив, граѓани биле пипишувани според претпоставки, а апликацијата за попишување често не функционирала што влијаело на бројката на Бошњаци кои живеат во дијаспората.

Од Коалицијата за Египќани, пак, кои обвинија за административна асимилација.

Инаку, на пописот како Турци се изјасниле 83.443 граѓани или 3,98 отсто, 18.163 или 0,87 отсто се попишале како Бошњаци, а како Египќани се изјасниле 2.406 лица.

Поврзани новости