Романското обвинителство ги заплени луксузните возила на Ендрју Тејт

by fokus

Романските власти денеска објавија дека заплениле стока и пари во вредност од 18 милиони романски леи, или речиси четири милиони американски долари, како дел од кривичната истрага за наводна трговија со луѓе што доведе до апсење на личноста на Интернет и поранешен ММА борец Ендрју Тејт.

Романската Национална агенција за управување со запленетите средства соопшти дека запленила 29 предмети од движен имот во текот на неделата, вклучувајќи луксузни возила и часовници, како и пари во различни валути, пренесува Ројтерс.

Ендрју Тејт, неговиот брат Тристан и две Романки беа уапсени во четвртокот под обвинение за формирање криминален синџир за сексуална експлоатација на шест жени, што тие го негираа, пренесе Танјуг.

Поврзани новости