Родителите на приведените во протестите собрани пред полициските станици

by lali 11:37
11:37

Родителите на приведените учесници во вчерашните протести во Ѓорче Петров се собрани пред полициските станици во Скопје. Дел од нив речиси 14 часа чекаат пред полициската станица во населба Пролет и велат дека никој од полицијата не излегол да им каже што се случува. Тие се обратија до редакцијата на Фокус со апели за помош.

„Мојот син е ракометар, се враќаше од тренинг, со торбата! Ниту учествуваше на протести, ниту пак имаше врска со тоа. Се враќаше дома детето. Уапсен е без никаква причина. Многу сум револтиран, во сопствена држава веќе човек не може слободно да се движи“, ни изјави еден од родителите.

- Advertisements -

Во полициската станица Пролет има 14 приведени лица, а останатите петнаесетина се распоредени низ другите полициски станици во Скопје. Приведувањето на осомничените се случи вчера околу 20 часот.

Околу 21 часот на главната улица во Ѓорче Петров беше целосно демолирано казиното „Сенатор“ – толпата од објектот вадеше се што ќе им дојде при рака, сокови, компјутери, фискални каси, маси, столици и ги палеше. Во тој период, полицијата стоеше на стотина метри и не реагираше. Дури околу 22 часот полициските екипи дојдоа на лице место за да го расчистат теренот.

 

 

 

 

Поврзани новости