Ријад Марез се затрул со храна, итно е хоспитализиран!

by Fokus

Лоши вести доаѓаат од Саудиска Арабија!

Според арапските медиуми, Ријад Марез бил хоспитализиран поради здравствени проблеми. Само неколку дена откако се ожени, одигра пријателски натпревар со Сенегал, а по триумфот на неговата селекција, почувствувал здравствени проблеми.

Тој бил хоспитализиран во Џеда откако почувствувал болки во стомакот, а првите анализи наводно покажале присуство на бактерии во стомакот, па се сомнева дека бил затруен во еден од рестораните.

За жал, труењето не било безопасно, па Марез морал итно да биде хоспитализиран за да му се направат дополнителни прегледи и да се следи неговата состојба.

По освојувањето на тројната круна со Манчестер Сити, Махрез потпиша договор во Саудиска Арабија каде стана играч на Ал Ахли.

Таму игра со Роџер Ибањез, Едуардо Менди, Франк Кеси, Роберто Фирмињо…

 

Поврзани новости