Решила да го напушти сопругот за Нова Година, а тој се фатил за пиштолот

by fokus

22-годишната С.Н.П. имала тешка новогодишна ноќ поради нејзиниот агресивен сопруг. Додека била на гости кај нејзините кумови во Петровец дента пред Нова Година, дошол нејзиниот сопруг А.П.(23) и се обидел со сила да ја натера да си замине од таму.

Бидејќи бил агресивен и под дејство на алкохол, таа одбила да си замине, по што тој фрлил стаклено шише кон неа и ја удрил по рака.

Малку подоцна, С.Н.П.  заедно со нејзините родители, се упатиле на нејзината домашна адреса со цел да земе некои лични работи. Додека била внатре во куќата, слушнала неколку истрели од огнено оружје и кога излегла од куќата, нејзините родители и кажел дека А.П. испукал неколку куршуми во воздух.

Се преземаат мерки за целосно рачистување на случајот, велат од полицијата.

Поврзани новости